Дома Фудбал Италија Синиша Михајловиќ повторно вратен во болница

Синиша Михајловиќ повторно вратен во болница

Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ е вратен во болница каде треба да му биде направен уште еден третман по трансплатацијата на коскена срж.

Српскиот тренер веќе со месеци се бори со леукемија и беше пуштен од болница после неколкуте хемотерапии, по што следуваше и трансплатација на коскена срж.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Господинот Михајловиќ се јави во болницата за да добие третман, кој е неопходен во неговото лекување, посебно по трансплантација на коскена срж. Медицинскиот персонал е убеден дека Синиша за кратко време ќе ја напушти болницата“, соопштија докторите од Болоња.

Во текот на викендот Михајловиќ седеше на клупата на мечот против СПАЛ, а се очекува наскоро повторно да им се врати на професионалните обврски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Гуехи заврши во Сити, Ливерпул најде нова мета – еден од најдобрите дефанзивци во светот!

Заминувањето на Марк Геји, кој се согласи да се приклучи на Манчестер Сити овој јануари, о…