Додека во Мадрид се спремаат за градското дерби со Гетафе, стигнаа лоши вести.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Реал утре му гостува на Гетафе, но одбраната на „кралевите“ добива удари од коло во коло. Веќе некое време надвор од теренот се Рамос и Варан, во четвртфиналето против Ливерпул играа Начо и Милитао. Од денес Зидан не ќе може да смета и на Ферлан Менди.
Французинот се повредил на тренингот и ќе отсуствува околу две недели. Менди сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Гетафе, Кадиз и Бетис.
Првиот натпревар со Челзи во полуфиналето од ЛШ се игра на 27. април, па тешко е да се очекува Менди да биде спремен и за овој дуел.