Дома Фудбал Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Мурињо ги отвори картите: Бенфика е Бенфика, но Реал Мадрид не се одбива!

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, призна дека постои можност да се врати во Реал Мадрид, но истакна дека во овој момент е поблизу до останувањето во Лисабон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мурињо откри дека неговиот агент Жорж Мендеш веќе разговара со раководството на мадридскиот клуб.

Во овој момент 99 проценти е дека ќе останам во Бенфика, бидејќи имам договор и понуда која сè уште не сум ја разгледал, но мојот агент ми рече дека е извонредна. Од страна на Реал Мадрид засега немам ништо, но, повторувам, никој од нас не е наивен, единствено што моментално постојат се разговорите помеѓу Жорж Мендеша и структурата на Реал Мадрид“, рече Мурињо.

Мурињо не ги криеше своите емоции кон Бенфика.

Сакам да си дадам време да анализирам, размислам и сам да одлучам. Бенфика е Бенфика и она што го чувствувам кон Бенфика веќе не можам да го скријам. Целата кариера го криев тоа, но сега повеќе не можам“,  рече Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…