Дома Фудбал Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на Серија “А”. Головите за гостите ги постигнаа Шер Ндур (34) и Роландо Мандрагора (83).

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“Бјанконерите” одиграа исклучително слаб натпревар, и со овој резултат речиси сигурно ќе ја пропуштат Лигата на шампионите следната сезона.

До оваа ситуација дојде и поради уште една ужасна изведба на голманот на торинскиот гигант Микеле Ди Грегорио, кој не успеа да одбрани лесен удар во првиот дел. Статистиката покажува дека Јуве прима гол во 46% од случаите со првиот удар кон неговиот гол. 16 примени голови од 35 удари. Ова е највисокиот процент во првенството.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Официјално: Бернардо Силва е нов фудбалер на Реал Мадрид!

Реал Мадрид го објави потпишувањето на Бернардо Силва, кој се приклучува на клубот со дого…