Дома Останати Авто Мото Се појави личност која тајно го фотографирала Шумахер!

Се појави личност која тајно го фотографирала Шумахер!

Од Италија се појави информација дека неименувано лице побарало еден милион евра од најголемите медиуми тврдејќи дека има фотографии од моменталната ситуација на Михаел Шумахер.

Легендарниот германски возач е далеку од очите на јавноста од 2013 година кога доживеа несреќа за време на скијањето на француските Алпи.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Семејството и неговата сопруга не откриваат скоро ништо за тоа во каква состојба е Шумахер. Исто така само ретки личности имаат можност да го видат Михаел.

Токму затоа личноста која го фотографирала и снимала Шумахер е многу блиска до семејството. Намерата наводно била да покаже на целиот свет како изгледа Шумахер, а од тоа и добро да заработи.

Семејството знаело за кого станува збор и не е изненадено, но засега јавно не го открива неговиот идентитет. Сепак, засега медиумите во Италија се на ставот дека не сакаат да ги откупат фотографиите и да објават нешто кое семејството не сака да се објави.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Реал тргнува по дефанзивец на Тотенхем

Реал Мадрид сака да ја засили одбраната во зимскиот преоден рок, а најново име на списокот…