Дома Моторспорт Поранешниот шеф на Ферари откри каде легендарниот Шумахер изгубил уште две титули

Поранешниот шеф на Ферари откри каде легендарниот Шумахер изгубил уште две титули

Михаел Шумахер можел да биде деветкратен светски шампион, но две грешки скапо ги платил. Жан Тод без задршка тврди дека Германецот во клучни моменти „ја изгуби контролата“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Михаел Шумахер остави неизбришлива трага во светот на Формула 1, но дури и таква величина, според зборовите на неговиот долгогодишен соработник, не била имуна на моменти на слабост кои му можеле да му донесат уште поголемо место во историјата.

Иако освои седум титули светски шампион и со години доминираше спортот, од Ферари денес стигнуваат тврдења дека тој број можел да биде уште поимпресивен доколку во одредени моменти не донесувал одлуки кои му се скапо платиле.

Жан Тод, човекот кој беше покрај Шумахер за време на најуспешните години во кариерата, смета дека токму два конкретни инцидента пресудно влијаеле на загубата дури на две титули.

„Полека го градевме тимот во 1996 година, победивме на три трки, а веќе во 1997 ја изгубивме титулата на последната трка поради контроверзен потег против Вилнев, каде Михаел направи грешка”, се присетува Тод.

Жан Тод смета дека токму ваквите моменти покажале една слабост кај Шумахер, бидејќи секојпат кога би ја изгубил контролата врз емоциите или ситуацијата на патеката, тоа го плаќал со исклучително висока цена.

„Секој пат кога би ја изгубил контролата, тоа скапо го плаќаше, затоа што го чинеше првенства, а токму овие две грешки беа пресудни”, порача Тод, јасно алудирајќи на 1997 и 2006 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Стравична сцена: Погледнете го тешкиот пад на Марк Маркез во Франција! (Видео)

Во драматичен момент во претпоследниот круг на спринт трката на Ле Ман, Марк Маркез доживе…