Дома Фудбал Италија Роналдо: Ќе го направам невозможното за да му донесам ЛШ на Јувентус

Роналдо: Ќе го направам невозможното за да му донесам ЛШ на Јувентус

Суперѕвездата на Јувентус, Кристиано Роналдо вети дека ќе го направи и невозможното за да му ја донесе на тимот титулата од Лигата на шампиони.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо ова лето пристигна во Јувентус, а главната цел е секако најпрестижниот трофеј во европскиот фудбал.

Јувентус го освојува Скудетото во изминатите 7 години, како и Купот во последните 4 години, но загуби две финалиња во ЛШ. При пристигнувањето на Роналдо фановите извикуваа „донеси ни ја Лигата на шампиони“.

„Се колнам дека ќе го направам невозможното за да ја освојам Лигата на шампиони со Јувентус. Фановите секојдневно го бараат тоа од мене“, истакна Роналдо пред новинарите во Дубаи, каде беше награден на церемонијата „Globe Soccer Awards“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пакет од 50.000.000 евра, Дошан Влаховиќ подготвен за потпис?

Дошан Влаховиќ стои пред одлука за понатамошната кариера, а како една од најсериозните опц…