Дома Фудбал Останато Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Роналдо има неколку големи желби кои сака да ги оствари пред да се пензионира

Иако има 39 години, Кристијано Роналдо не размислува за фудбалска пензија, а медиумите пишуваат и за неговите главни цели кои сака да ги оствари пред да се пензионира.

Голема желба за Роналдо е настап на Светското првенство во 2026 година кое за него би било шесто во кариерата, ниту еден друг фудбалер претходно не успеал да настапи на шест Мундијали. Токму затоа се најавува и дека наскоро ќе го продолжи договорот со Ал Наср.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Веќе е добро познато и дека Роналдо сака да дојде до бројката од 1.000 голови и за таа цел му недостасуваат уште 97 погодоци. Исто така се потсетува и на неговите зборови во минатото дека сака да одигра барем еден официјален натпревар во ист тим со неговиот син.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ништо од Евертон: Потер добива понуда од друг клуб од Премиер лигата?

Греам Потер се уште ја чека вистинската понуда. Потер е без работа година и пол, откако се…