Дома Останати Кошарка Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Потрес во НБА: Јанис замина од Милвоки, познато и каде продолжува!

Јанис Адетокумбо ја напушти екипата на Милвоки Бакси и се сели во тимот на Мајами Хит.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според објави од Шемс Чаранија постигнат е договор меѓу Милвоки и Мајами според кој, освен Адетокумбо, во Флорида ќе се пресели и Боби Портис.

Од друга страна, Мајами испрати четири кошаркари: Тајлер Херо, Кел’ел Вер, Хаиме Хакез и Каспарас Јакуционис.

Покрај тоа, Милвоки доби и три први пика од драфтот, вклучувајќи и 13-тиот на претстојниот драфт, право на размена на еден пик и уште еден пик во втората рунда.

Мајами се натпреваруваше со Бостон за ангажирање на Јанис, кој беше подготвен да го понуди дури Џејлен Браун, но понудата од Мајами беше поатрактивна за Бакси.

Со ова се завршува ерата на Јанис во Милвоки, каде што го помина целиот дел од својата досегашна НБА кариера.

Грчката суперѕвезда со Бакси освои шампионски титули во 2021 година и два пати беше признаен како најкорисен играч во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Андреј Јакимовски веќе не е кошаркар на Тренто!

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски стави крај на соработката со Тренто, откако…