Дома Фудбал Капело брутално искрен: Роналдо го интересираа само жени и журки, Касано правеше глупости

Капело брутално искрен: Роналдо го интересираа само жени и журки, Касано правеше глупости

Познатиот Фабио Капело во својата богата кариера тренираше многу големи ѕвезди, а со спортските ѕвезди доаѓаат и предизвиците.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како тренер на Реал Мадрид имаше тешка задача, бидејќи требаше да се справува со Роналдо. Но, Бразилецот не беше единствениот „Галактикос“ кој му задаваше проблеми.

„Берлускони ме праша во една пригода: Каков е Роналдо? Му одговорив дека не е добар пример за останатите играчи, бидејќи постојано е на забави, има вишок килограми и го интересираат само жени. Наредниот ден прочитав наслов во „Газета“: ‘Роналдо преминува во Милан!’ изјави Капело, откривајќи дека неговиот коментар го придвижил трансферот од Реал.

„Антонио Касано правеше толку многу глупости во Мадрид што не можам сите да ги запомнам. Тој и Балотели се двата најдобри примери за тоа како играчи можат да го загубат својот талент,“ заврши популарниот Дон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Норвешка во САД донесе 300 кг риба, 116 кг сирење, 6000 портокали

Норвешката фудбалска репрезентација веќе ја привлече јавната вниманието со креативните нас…