Македонија вчера ја победи Чешка во реваншот од баражот за Светското првенство и обезбеди осми настап на едно Светско првенство.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Пред натпреварот со Чешка Ракометната федерација на Македонија вети премија од 50.000 евра за пласманот. Репрезентативците и целиот стручен штаб дефинитивно ја заслужија за прикажаната борба и во Злин и во Скопје, но и претходно во дуелите со Романија.




Овој настап на Македонија на СП ќе биде и 12-то учество на ракометарите во низа на големите натпреварувања, а 15-то вкупно.
Фото: РФМ