Дома Трансфер зона ПСЖ пронајде фаворит за нов голман, спрмена е и понудата

ПСЖ пронајде фаворит за нов голман, спрмена е и понудата

Во тимот на ПСЖ наредната сезона ќе има многу промени, веќе се најавени заминувања на дел од фудбалерите, па се очекува да пристигнат нивни замени.

Најголемата промена секако е заминувањето на Килијан Мбапе, трансфер побарал и Мукиеле, додека договорот на Курзава истекува, а извесно е дека во Париз нема да ги гледаме ниту Солер и Скриниар. Исто така и голманот Кејлор Навас ќе си замине по истекот на договорот. .

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Медиумите во Франција веќе шпекулираат кои фудбалери би можеле да ги заменат. Така како замена за Навас се споменуваат Кобел од Борусија Дортмунд, Шевалие од Лил и рускиот голман Матвеј Сафонов кој член на Краснодар.

Според последните информации тој важи за фаворит и ПСЖ за него е спремен да издвои сума од 20 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Арсенал ја сака младата ѕвезда на Реал

Арсенал покажува сериозен интерес за талентираниот играч од Реал Мадрид, Арда Гулер. Некои…