Дома Фудбал Не им оди: ПСЖ немал волку слаб почеток 14 години!

Не им оди: ПСЖ немал волку слаб почеток 14 години!

Во завршницата на минатата сезона, Пари Сен Жермен играше извонредно и заслужено се закити со титулите во Европа и Франција. 

Меѓутоа, на почетокот на оваа сезона, работите не изгледаат како што треба. 

Тимот на Луис Енрике очигледно сè уште е во празнично расположение, бидејќи досега немаат изборено ниту една победа. 

По поразот во Супер Купот од Ланс, следеа неуспешни резултати против Рен (2:2), потоа против Лил (губеа до надокнадата и едвај извлекоа бод), а вчера доживеаја пораз на домашен терен од Монако (1:2). 

Само два бода од три натпревара се премалку за тимот на Луис Енрике, а ваков слаб старт немало од сезоната 2012-13. Тогаш ПСЖ не успеа да победи против Лориен, Ажаксио и Бордо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пет меча за три дена: македонските младинци пред светскиот предизвик во Баку

Репрезентацијата до 15 години ќе стартува против Панама на 24 октомври. Првото издание на …