Дома Фудбал Француските власти донесоа строги мерки против навивачите на ПСЖ: Не смеат на дербито!

Француските власти донесоа строги мерки против навивачите на ПСЖ: Не смеат на дербито!

Француските власти забранија на навивачите на ПСЖ да дојдат на неделното дерби против Olympique во Марсеј. Одлуката е донесена за да се спречат можни нереди пред и за време на натпреварот од петтото коло на Лига 1, кој се игра во 20:45 часот.

Министерството за внатрешни работи официјално објави дека патувањето на навивачите на ПСЖ е забрането со цел спречување на нарушување на јавниот ред. Забраната ќе биде на сила во текот на целата недела и се однесува на “сите лица кои се однесуваат како навивачи на Paris St. Germain или можат да бидат идентификувани како такви”. Ним им е забранет пристап до градот Марсеј и поширокиот околен регион.

Оваа одлука се надоврзува на наредбата што пред десет дена ја издаде заменикот на полицискиот началник на департманот Bouches-du-Rhône. Со таа наредба на навивачите на ПСЖ им беше забранет пристап до стадионот Вeлодром и движење низ градските улици.

Ривалството меѓу навивачите на Марсеј и ПСЖ е едно од најголемите во Франција, а нивните натпревари редовно се класифицираат како натпревари со висок ризик. Статистичките податоци покажуваат дека токму тие две групи најчесто се вклучени во нереди, а нивното долгогодишно непријателство во минатото често доведувало до големи судири.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан ги разочара француските играчи пред собирот

Зинедин Зидан е неодамна избран за нов селектор на Франција и веднаш по пристигнувањето од…