Дома Фудбал Останато Промашувањето на Реал Мадрид од 13 милиони евра

Промашувањето на Реал Мадрид од 13 милиони евра

0

Преодниот рок заврши вчера, а Реал Мадрид не успеа да се ослободи од Лукас Силва.

Бразилецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ во 2015 година од Крузеиро и за Реал од тогаш одигра само девет натпревари.

После само шест месеци следуваше позајмица во Марсеј, а потоа од 2017 година до ова лето беше на позајмица во Крузеиро и се врати во Мадрид.

Зинедин Зидан не сметаше на него, па Реал се обиде да пронајде клуб за него цел да заработи нешто, но не успеа.

Силва со Реал имаше договор до 2020 година, па клубот беше принуден да го раскине договорот со него, сега Бразилецот е без ангажман.

Се споменува дека кариерата би можел да ја продолжи во Мексико, Аргентина или Катар.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ројс среде интервју влезе во расправија со новинар: Доста ми е од твоите глупости! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд испушти победа против Ајнтрахт во Франкфурт, а тимот кој го предводеше М…