Дома Фудбал Мурињо збесна поради Винисиус: Можат да прават што и да посакаат!

Мурињо збесна поради Винисиус: Можат да прават што и да посакаат!

Жозе Мурињо застана во одбрана на Винисиус и остро го критикуваше ВАР поради инцидентот кој го обележа натпреварот со Еспањол.

Винисиус Жуниор се најде во центарот на вниманието уште на почетокот на натпреварот, а неговиот тренер го поддржа и отворено ја критикуваше начинот на кој судиите го третираат бразилецот.

Мурињо смета дека ова е сериозен пропуст.

„Тој беше удрен. Тоа е агресија и требаше да биде црвен картон”, изјави португалскиот стручњак.

Меѓутоа, тука не застана.

Мурињо отворено зборуваше за тоа дека, според негово мислење, Винисиус нема ист третман како другите фудбалери.

“Тоа што можам да кажам е дека е очигледна разликата помеѓу Вини и другите играчи. Тој влезе во некој вид на спирала – противниците чувствуваат дека можат да прават што и да посакаат, па и го прават тоа.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Решавачки ден во преговорите помеѓу Ливерпул и ПСЖ за Баркола

Ливерпул и Пари Сен Жермен во моментот водат клучни преговори со цел да ги разјаснат своит…