Дома Фудбал Невил со јасна порака за Исак и Вирц: „Мора да се подобрат“

Невил со јасна порака за Исак и Вирц: „Мора да се подобрат“

Гери Невил верува дека Александар Исак и Флоријан Вирц мора да го подигнат нивото, но истовремено признава дека има голема доверба во квалитетите на двајцата фудбалери.

„Мора да се подобрат, но имам верба во нив“, порача Невил, кој особено го издвои шведскиот напаѓач.

„Мислам дека Исак е исклучителен играч. Никогаш не сум видел некој да им создаде толку проблеми на Габриел и Салиба, или на Ван Дајк и Конате, како што тоа го правеше тој додека беше во Њукасл“, истакна поранешниот англиски репрезентативец.

Сепак, Невил беше многу покритичен кон Флоријан Вирц, кој според него мора што побрзо да ја пронајде вистинската форма.

„Вирц мора да се среди. Доста е веќе“, порача Невил.

Токму формата на двајцата фудбалери е, како што вели тој, неговото најголемо разочарување.

„Најголемото разочарување за мене се токму тие двајца“, заклучи Невил.

И покрај критиките, Невил јасно стави до знаење дека сè уште верува во квалитетите на Исак и Вирц и очекува двајцата да покажат зошто важат за едни од најголемите имиња во европскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роџерс за Палмер: „Чест е да играме заедно секоја недела“

Морган Роџерс не го крие задоволството што повторно има можност да игра заедно со својот п…