
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи откако го прекина тренингот на US Open по само три одиграни гејма. Поточно, Ѓоковиќ губеше 3:0 од Зизу Бергс, тенисер од Белгија со кој тренираше, по што му пристапи на мрежата и кажа дека тренингот тука завршува.
Тренингот инаку траеше околу 40 минути пред Ѓоковиќ да го напушти теренот, заедно со својот тим, што малку ги исплаши сите негови навивачи кои стравуваат дека тоа значи дека постојат одредени проблеми пред почетокот на US Open.
Сепак, доаѓаат и вести дека сето тоа било дел од планот. Ѓоковиќ сакал пократок тренинг само за да „го загрее телото“ бидејќи претходно играл мешан двојки во тандем со Арина Сабаленка, што исто така на некој начин била подготовка за него пред US Open. Тие кои го следеле во живо како тренира, потврдија дека Ѓоковиќ изгледал добро – и дека не се повредил.