
Милан во моментот активно преговара со три клуба за евентуален трансфер на Рафаел Леао. Според информациите во италијанските медиуми, тоа се Астон Вила, Тотенхем и Галатасарај, кој веќе подолго време се обидува да го привлече Португалецот.
Се тврди дека раководството на Милан сè уште не ја намалува цената на крилото и бара за него помеѓу 50 и 60 милиони евра, иако Леао не е дел од плановите на Рубен Аморим, а до затворање на прозорецот има само уште неколку дена.
Се претпоставуваше дека Леао претпочита трансфер во Премиер лигата, но според Николо Скира, Португалецот веќе ги одбил понудите на Њукасл и Ал-Хилал, и во ниту еден момент не ја отворил вратата за Астон Вила, бидејќи тимот од Бирмингам му понудил ниска плата. Изворот тврди дека за самиот Леао во моментот постојат само две можности – или да премине во Галатасарај или да остане во Милан.
Леао го пропушти првиот натпревар од новата сезона во Серија “А” поради повреда.