
Николас Џексон и Лијам Делап, како трет и четврт избор на позицијата напаѓач, ќе му донесат на Челзи над 120.000.000 евра!
Да, точно читате, бидејќи Астон Вила и Нотингем Форест одлучија да ги платат прекумерно напаѓачите кои не се во плановите на Чаби Алонсо и наскоро би можело сето да биде официјализирано.
Прво, Џексон и Астон Вила – се спекулира дека обештетувањето во пакет ќе изнесува 70.000.000 евра, во што се вклучени сите можни, но остварливи бонуси.
Така, Унај Емери и Џексон повторно ќе се соединуваат, откако претходно соработуваа во Виљареал, од каде Сенегалецот премина во Челзи за 37.000.000 евра.
Три години подоцна, откако ја помина и една сезона на позајмица во Бајерн, Џексон оди во Вила за речиси двојно повеќе пари од колку што беше платен.
Сенегалецот за Челзи одиграл вкупно 81 натпревар, постигнал 30 голови и запишал 12 асистенции. Сепак, подоцна замина на позајмица во Бајерн Минхен, кој не го откупи за бараните 65.000.000, по што постигнал 11 голови во 34 натпревари во сите натпреварувања.
Но, освен него, касата на Челзи ја полни и – Лијам Делап, резервен напаѓач, кој не ги исполни очекувањата, минатото лето пристигна за 35.500.000 евра, а сега преминува во Нотингем Форест во пакет од 52.500.000 евра!