Дома Фудбал Матео Ковачиќ го напушта Манчестер Сити: На повидок е името на новиот клуб!

Матео Ковачиќ го напушта Манчестер Сити: На повидок е името на новиот клуб!

Матео Ковачиќ не е во сериозните планови на новиот менаџер на Манчестер Сити, Енцо Мареска, и лесно би можело да се случи 32-годишниот играч од средината да го напушти „Етихад“ до крајот на трансфер периодот.

Хрватот претходно се поврзуваше со напуштање на клубот, но сега интересот е конкретен и доаѓа од екипата на Астон Вила.

Според информациите од Англија, Астон Вила би сакала да го добие 32-годишниот играч во своите редови. Ќе се обидат да го доведат до крајот на трансфер периодот.

Ќе видиме дали на крајот трансферот навистина ќе се реализира. Големи се шансите Матео да го напушти „Етихад“, особено кога се знае дека не се смета премногу на него на „Етихад“.

Следните денови ќе го донесат конечниот одговор. Ковачиќ сигурно би бил огромно засилување за средниот ред на Вила и ќе има многу простор за игра.

Има огромно искуство зад себе. Минатите три години ги помина меѓу „Граѓаните“, а во својата кариера играл за Челси, Интер и Реал Мадрид.

За Сити има одиграно 99 натпревари со постигнати 10 гола и пет асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Џексон и Делап донесуваат на Челзи над 120.000.000 евра!

Николас Џексон и Лијам Делап, како трет и четврт избор на позицијата напаѓач, ќе му донеса…