Дома Македонски спорт Mиовски го прекина постот за Абердин – погоди по пет минути игра!

Mиовски го прекина постот за Абердин – погоди по пет минути игра!

Maкедонскиот напаѓач Бојан Миовски ја продолжи добрата форма и по пет минути игра во натпреварот против Рос Каунти ја погоди мрежата.

По паузата од седум натпревари во кои немаше гол за Абердин, Бојан Миовски денеска по пет минути игра се запиша во листата на стрелци против Рос Каунти. За Миовски ова беше 14-ти гол во првенството. Ќе потсетиме, Миовски погоди и во дресот на Македонија во ремито против Молдавија (1:1).

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Миовски индивидуално има одлична сезона, меѓутоа тоа не може да се каже и кога тимот е во прашање бидејќи Абердин е деветти на табелата и води битка за опстанок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Модриќ му кажал на Реал кој треба да биде неговиот наследник: Тој е генијалец

Лука Модриќ го заврши поглавјето од неговата кариера во Реал Мадрид, кој го напушта како и…