Дома Македонски спорт Мак фудбал По Италијанец – Србин на клупата на Брера!

По Италијанец – Србин на клупата на Брера!

Управата на ФК АП Брера Струмица за шеф на стручниот штаб го именуваше Бојан Круљ од Србија откако пред недела време спогодбено се разделија со италијанскиот стратег Валенти.  Круљ има 36 години и е млад и перспективен тренер. Има искуство во работата со млади категории во белградски Вождовац и Синџелич  а како асистент тренер во сениорски тимови има работени во српските прволигаши Инџија и Вождовац.

Бојан Круљ како шеф на стручниот штаб ја предводеше екипата на ИМТ од Белград со која оствари одлични резултати и влезе во бараж за пласман во Супер лигата на Србија каде денес настапува овој клуб, додека во Босна  го предводеше тимот на Рудар од Приједор со кој на почетокот на оваа сезона направи одлична серија од 6 победи и две нарешени  натпревари и го стави клубот на првото место во Првата лига на Република Српска.


ТОП викенд: Битка за Манчестер и две дербија во Италија! ↓↓↓


Круљ е еден од најперспективните млади тренери од Србија кој и покрај поканите од други клубови, сепак се одлучи за Брера Стрмица како еден од најбрзо растечките фудбалски проекти во регионот.

, Моите први впечатоци се одлични.  Она што  беше привлечно за мене беше мултинационалниот проект „Брера“ што Горан ми го презентираше и тоа ме привлече да дојдам во мак фудбалот и да оствариме добри резултати. Во разговар со претседателот на клубот Горан Пандев, целта ни е да се обезбеди подобар пласман на табелата. Екипата има потенцијал но она што е важно дека мора да играме натпреварувачки и да остваруваме и добри резултати. Имаме план за нови засилувања кои се потребни за следната сезона“, рече во првата своја изјава Бојан Круљ.

Претседателот на клубот Горан Пандев му посака добредојде на новиот стратег и му го покажа спортскиот центар „Пандев“ каде Брера ги  игра натпреварите од Првата лига. Го прошета по клупските простории и ја презентираше неговата визија за овој спортски центар.

,, Му посакав добредојде на новиот тренер кој екипата ќе ја предводи за вториот дел од сезоната. Се надевам дека ќе го поправиме впечатокот за разлика од оваа есенска етапа  и ќе бидеме подобро позиционирани на прволигашката табела.  Бојан е млад и перспективен, жеден за нови докажувања и верувам е дека ќе успееме во зацртаното за вториот дел од годинашнава сезона ,, кусо одговори Пандев

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед ја сака ѕвездата на Наполи

Квича Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече внима…