Дома Фудбал Брера приреди изненадување: Во ефикасен натпревар го сруши лидерот!

Брера приреди изненадување: Во ефикасен натпревар го сруши лидерот!

Големо изненадување во Првата македонска фудбалска лига — Брера Струмица денеска го совлада лидерот Струга Трим Лум со 4-2 и му ја прекина непобедливата серија во шампионатот. Струмичани одиграа одличен натпревар пред својата публика и заслужено дојдоа до највредната победа во сезоната.

Домаќините започнаа фуриозно и по само седум минути водеа со 2-0, по погодоците на Наумчески и Стојанов. Струга успеа да се врати во игра преку Зенку, но Брера веднаш возврати со третиот гол во режија на Ндзенге. Во самиот финиш од првото полувреме Бојку со прекрасен удар намали на 3-2, па на паузата се замина со најави за возбудливо продолжение.

Во вториот дел, гостите од Струга притиснаа и создадоа неколку шанси за израмнување, но не успеаја да ги искористат. Казната стигна во 61. минута кога Брера погоди за 4-2 и стави печат на големата победа против лидерот на табелата.

Во вториот натпревар од денешната програма, Работнички и Македонија Ѓорче Петров одиграа мирољубиво 0-0, без погодоци и со поделба на бодовите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов удар за Илиќ: Оди на операција, Србија останува без него

Повредата против Болоња бара хируршки зафат. Иван Илиќ ќе биде опериран во Финска, а Пауно…