Дома Топ вести ПОТВРДЕНО: Меси заминува од ПСЖ!

ПОТВРДЕНО: Меси заминува од ПСЖ!


Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓


Лионел Меси утре ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ, потврди тренерот Кристоф Галтие.

Договорот на Меси со ПСЖ истекуван а крајот на оваа сезона, а во последниот период Аргентинецот беше во конфликт со навивачите. Неговото заминување се најавуваше, сега е и потврдено.

„Имав чест да го тренирам Меси, најдобриот на сите времиња. Овој викенд Меси ќе го одигра последниот натпревар во дресот на ПСЖ против Клермон“, изјави Галтие во најавата за натпреварот.

Меси за две сезони во ПСЖ одигра 74 натпревари и постигна 32 гола, додавајќи 35 асистенции. Двапати беше шампион на Франција, но не успеа да ја освои Лигата на шампионите. Во медиумите се најавуваше враќање во Барселона, но се споменува и Ал Хилал во Саудиска Арабија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Роналдо продолжува да руши рекорди🎥

Вежби за рехабилитација после повреда на преден вкрстен лигамент ↓↓↓ Екипата на Ал Наср со…