Трансферите од Барселона во Реал Мадрид или обратно се реткост, како во фудбалот, па така и во кошарката, токму затоа привлекуваат внимание.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Сега се случува токму таков трансфер во кошаркарските тимови. Адам Ханга како слободен играч ја напушта Барселона, а медиумите во Шпанија веќе објавија дека негов нов клуб ќе биде најголемиот ривал Барселона.
Унгарецот некое време преговараше, но не постигна договор со Каталонците за продолжување на соработката, па така после четири години си заминува и тоа не било каде. Во минатото тој го носеше дресот на Манреса и Басконија.