Дома Фудбал Кога се мери брзината, Бос е газда

Кога се мери брзината, Бос е газда

ФИФА објави многубројни статистички податоци по завршувањето на првото коло, а еден од поинтересните сигурно е тој што се однесува на брзината на играчите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Малкумина очекуваа дека на врвот на листата на најбрзи играчи во првото коло ќе се најде Џордан Бос, дефанзивецот на репрезентацијата на Австралија.

Според податоците што ги измери ФИФА, левиот бек на Фејенорд и репрезентацијата на Австралија достигна брзина од 36,7 километри на час во победата на неговата репрезентација против Турција (2:0).

Само еден човек може да каже дека е блиску до оваа брзина – Ерлинг Холанд достигна брзина од 36,5 км/ч.

Со истоветна брзина како машината од Норвешка може да се пофали и Узбекистанецот Абдукодир Кусанов, додека нешто побавен е Мохамед Траоре од Австралија (35,8 км/ч).

На петтото место е Рајан Гравенберх (35,6 км/ч) од Холандија, следат Алан Минда од Еквадор (35,5 км/ч), Сон Хјон-мин од Јужна Кореја (35,2), Џед Спенс од Англија (35,2 км/ч) и Килијан Мбапе од Франција (35,1 км/ч), пред Педро Нето од Португалија и Есмир Бајрактаревиќ од Босна и Херцеговина кои имаа иста брзина – 34,8 километри на час.

Навивачите на Фејенорд и оние кои внимателно го следат холандскиот фудбал можеби не се изненадени, но да бидеме реални – за повеќето е.

Бос дојде на Светското првенство по најдобрата сезона во својата кариера, беше еден од најдобрите дефанзивци во лигата, а постигна и четири гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…