Дома Фудбал Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Најдобриот играч на Парагвај прв во историјата доби црвен картон со новото правило на ФИФА

Врвниот фудбалер на Парагвај, Мигел Алмирон, стана првиот играч кој во историјата доби црвен картон заради покривање на устата при разговор со играч на противничкиот тим.

Во судиското продолжение од првото полувреме, при водство на Парагвај против Турција со 1:0, по направен прекршок, се создаде кратка напнатост меѓу Алмирон и Мерт Мулдур. Во еден момент, Алмирон го покри лицето со раката додека разговараше.

Мулдур веднаш се пожали на главниот судија Иван Бартон кој не ја забележа ситуацијата, па затоа арбитерот побара помош од своите колеги во ВАР собата да проверат дали турскиот играч е во право.

Откако ситуацијата беше прегледана во ВАР собата, Бартон доби сигнал самиот да оди до мониторите покрај теренот за да се увери во зборовите на Мулдур. Кога виде дека Алмирон навистина ја покрил устата, веднаш му додели директен црвен картон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Откриено какво предавство доживеа Ковачиќ во Манчестер Сити последниот ден од трансфер периодот

Ковачиќ конечно влезе подготвен во новата сезона откако имаше големи проблеми со повреди п…