Дома Фудбал Барселона влегува во битката за Ван де Вен, но Тотенхем ќе направи сѐ да го задржи

Барселона влегува во битката за Ван де Вен, но Тотенхем ќе направи сѐ да го задржи

Барселона покажува интерес за холандскиот репрезентативец Мики ван де Вен, тврди “Sky Sports”.

Бранителот на Тотенхем е поврзуван и со Ливерпул, бидејќи според информациите, Мерсисајдерите го сакаат како замена за Ибрахима Конате, кој си замина како слободен играч и веќе беше претставен како ново засилување на Реал Мадрид.

Според холандскиот De Telegraaf, “спорите” поставиле огромна цена од 100 милиони фунти за 25-годишниот дефанзивец. Со ова сакаат да го блокираат трансферот, при што е многу поверојатно да дозволат продажба на другиот основен центарбек, Кристијан Ромеро, ова лето.

Фабрицио Романо исто така додава дека Роберто Де Зерби инсистира Ван де Вен да остане и клубот нема да дозволи негов трансфер ниту во Ливерпул, ниту во Барселона.

Во холандската репрезентација, Роналд Куман го користи Ван де Вен главно како лев бек. Така беше и во првиот натпревар на “лалетата” на Светското првенство 2026, кога тој почна како стартер токму во оваа улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историска победа за Комо, убедливи триумфи на Јунајтед и Баерн, и неверојатен пресврт на Ланс

Вечерта низ Европа беше динамична со четири натпревари од првото коло на групната фаза на …