Дома Фудбал Засилување во нападот: Бајер плати 30 милиони за бисерот на Лион

Засилување во нападот: Бајер плати 30 милиони за бисерот на Лион

Фудбалерот на Лион Афонсо Мореира е ново засилување за Бајер од Леверкузен, откако германскиот клуб плати 29,5 милиони евра како обештетување.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Мореира има 21 година, висок е 175 сантиметри и игра на позицијата крило.

Португалецот потпиша петгодишен договор со клубот од „Бај Арена“.

Минатото лето тој пристигна во Лион од Жил Висенте, каде ги помина првите 18 месеци од својата сениорска кариера. Кариерата ја започна во младинскиот погон и резервниот тим на Спортинг од Лисабон.

Мореира минатата сезона одигра на 37 натпревари во сите натпреварувања. Постигна осум гола и забележа 11 асистенции за Лион, на кои му помогна да го освои четвртото место во првенството.

Може да игра на двете крила, па ќе претставува конкуренција за Нејтан Тела, Ернест Поку и Илиес Бен Сегир. Сепак, останува да се види како новиот тренер Карлес Мартинез планира да го вклопи во својот систем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

САД со втора победа до следната фаза

САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совла…