
Ѕвездата на Барселона и Шпанија, Ламин Јамал, го коментираше историскиот настап на Лионел Меси во првиот натпревар на осумкратниот добитник на “Златната топка” на Мундијал 2026. Аргентинецот постигна хет-трик, освојувајќи многу рекорди, и беше главниот виновник за летечкиот старт на “албиселесте”.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
“Хет-трикот на Меси? Во секој натпревар во кој игра, тој докажува дека е најголемиот фудбалер во историјата. Ако некој сè уште има сомнежи, тоа е само затоа што намерно ги бара. Мојот идол е Нејмар поради неговиот стил на игра, но Лео е најдобар на сите времиња”, изјави Јамал за RTVE.
Ѕвездата на Барселона го коментираше и сопственото здравје, признавајќи дека сè уште е рано да игра цел натпревар. Тој се појави во играта во 71. минута при разочарувачко реми со Кабо Верде.
“Сè уште е рано да играм цел натпревар, но можам да започнам и да останам на теренот толку минути колку што сака тренерот. Се чувствувам многу добро и со нетрпение го очекувам следниот натпревар. Бев надвор од терен долго време, но се чувствувам многу добро. Тоа што треба да го направам е да се обидам да дадам максимумот. Секако, размислував за Светското првенство кога бев повреден, но лекарите ме смирија и за среќа, еве ме тука”, додаде Јамал.