
САД забележа втора последователна победа на Светското првенство во фудбал, откако ја совлада Австралија со 2:0 во Сиетл.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Судирот беше од групата „Д“ и со овој успех Американците си обезбедија место во елиминациите, и се на полпозиција дури и да ја освојат својата група. Автогол на Камерон Бурџис ја даде предноста на домаќините во 11-тата минута, а Алекс Фриман го постигна вториот гол во 43-тата минута. Така САД се единствениот лидер во групата со полн актив од 6 поени.
Ѕвездата на Американците Кристијан Пулишиќ го пропушти натпреварот. Тој го напушти теренот на полувремето при победата над Парагвај поради проблем со листот. Рикардо Пепи го замени во стартниот состав, а тоа е единствената промена на Маурисио Почетино во споредба со првиот натпревар.