Дома Фудбал Лапорта не запира: Барселона тргна по потпис на хрватска ѕвезда

Лапорта не запира: Барселона тргна по потпис на хрватска ѕвезда

Фудбалскиот гигант Барселона има намера да го направи летото незаборавно. Веќе договорија големо засилување во вид на Ентони Гордон, но сè уште подготвуваат „големи работи“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Но, летото од соништата би можел да заврши хрватскиот репрезентативец кој би требало да ја засили одбраната, Јошко Гвардиол.

Според информациите од „КОПЕ“, Барселона работи на трансферот на поранешниот играч на Лајпциг. Гвардиол беше еден од клучните играчи на Пеп Гвардиола откако пред речиси две години дојде во Сити од РБ Лајпциг во трансфер вреден 90 милиони евра.

Хрватскиот дефанзивец е лев стопер и совршено би се вклопил во Барса-сиот систем под Ханси Флик. Сепак, Гвардиол нема да биде евтин за Барса, имајќи предвид колку го плати Манчестер Сити.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…