Дома Фудбал Турција е елиминирана од Светското првенство

Турција е елиминирана од Светското првенство

Националниот тим на Турција не успеа да продолжи натаму на Светското првенство, откако во одлучувачкиот натпревар од групната фаза, група Д, беше поразен од Парагвај со резултат 1:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Парагвај ја осигура победата со гол постигнат во самиот почеток на средбата и успеа да одржи водство до крајот, иако играше со играч помалку целиот втор дел. За Турција останува мечот со домаќинот САД, кој нема значење за конечниот исход, додека Парагвај ќе се обиде да обезбеди подобра позиција на табелата во дуелот со Австралија.

Натпреварот за Турција започна на начин кој никој не го очекуваше. Веќе по само 65 секунди игра, Матијас Галарза со прецизен удар од дваесет метри ја донесе својата екипа во водство, погодувајќи го долниот лев агол на голот на Турција. По примениот гол, турските фудбалери доминираа на теренот, со посед од 79 проценти, но не успеаја да најдат пат до мрежата.

Најблиску до израмнување Турција беше во 35-та минута, кога Мерт Мулдур по центаршутот на Хакан Чалханоглу со глава го погоди дирекот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како гром од ведро небо! Роналдињо повторно на теренот во 46. година, ќе игра во Италија!

Додека Светското првенство се одржува во САД, Мексико и Канада, пристигнува неочакувана ве…