Дома Фудбал Зошто Барселона не ја повлече „десетката“ на Меси? Причината е бизарна

Зошто Барселона не ја повлече „десетката“ на Меси? Причината е бизарна

Лионел Меси создаде една од најгламурозните ери во историјата на Барселона, рушејќи многу рекорди и станувајќи најголемата легенда на каталонскиот клуб, но, и покрај сето тоа, неговиот познат дрес со бројот 10 никогаш не беше повлечен од употреба.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Аргентинскиот генијалец се приклучи на Камп Ноу уште како младо момче во 2000 година, минувајќи низ сите младински категории, за да израсне во фудбалер кој ја промени историјата на клубот.

Во дресот на Барселона, тој освои речиси сè што можеше, постигнувајќи стотици голови и станувајќи симбол на генерација која доминираше во европскиот фудбал.

Поради сето ова, многу навивачи со години сметаат дека Барселона, по неговата заминување, требаше да го повлече легендарниот број 10 од употреба.

Ваквата пракса не е непозната во спортот.

Наполи своевремено го повлече дресот на Диего Армандо Марадона, Рома истото го направи со бројот на Франческо Тоти, додека Милан на специјален начин му оддаде почест на Паоло Малдини.

Сепак, Барселона не можеше истото да го направи за Меси. Причината лежи во правилата на Ла Лига.

Имено, пропозициите на шпанското првенство јасно диктираат дека играчите на првиот тим мора да носат броеви од 1 до 25, со одредени броеви резервирани за голмани.

Тоа практично значи дека клубовите не можат трајно да повлечат некој број од користење, бидејќи тоа би го намалило расположивиот број на регистрации за првиот тим.

Поради истата проблематика, истиот предизвик го имаше и Реал Мадрид со бројот четири во чест на Серхио Рамос.

За разлика од Шпанија, во многу други лиги клубовите имаат значително поголема слобода кога станува збор за изборот на броеви, па затоа повлекувањето на дресови е многу полесно да се изведе во пракса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Агентот на Хулијан Алварез првпат проговори за Реал и ги шокира навивачите на Кралевите

Името на ѕвездата на Атлетико се најде во центарот на вниманието откако некои медиуми, меѓ…