
Португалија во првото коло од Светското првенство израмни со Конго (1:1) и доби жестоки критики, особено „старецот“ Кристијано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, кој моментално игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, за многумина сепак е некој чие време одамна помина.
Поранешниот играч на Бајерн и некогашниот германски репрезентативец Џером Боатенг смета дека Роналдо повеќе не е тоа што беше, иако признава дека многу го почитува Португалецот и сето што го дал на фудбалот.
„Смеам ли да бидам искрен? Да е Роналдо вистински тимски играч самиот би се повлекол и дозволил на помладите да засветкаат. Португалија е подобар тим без него. Кога тој е на теренот притисокот е преголем, бидејќи сите сакаат само нему да му додаваат… Ако Португалија сака да зачува шанса за некој голем резултат, Роналдо би требало да се тргне настрана. И да влезе за последните 15 или 20 минути за да го извлече најдоброто од себе“, беше искрен Боатенг.
И Луис Саха, поранешен соиграч на Роналдо од Манчестер Јунајтед, ја гледа токму во големата ѕвезда најголемата проблем на Португалија.
„Роналдо треба да биде спасен од самиот себе. Зашто тој ќе игра секогаш да биде конкуренција на ѕвезди како Халанд, Мбапе, Меси… Тој сака да игра секоја минута за да собори рекорди, таков е неговиот менталитет и тоа го разбираме. Но и тој мора да разбере дека Португалија мора да игра со поголем интензитет“, рече Саха.