Дома Фудбал Англија Погба: Заслужено изгубивме, примаме глупави голови

Погба: Заслужено изгубивме, примаме глупави голови

Францускиот играч за врска Пол Погба беше фрустриран после новиот пораз на Манчестер Јунајтед.

Јунајтед ова лето доведе големи засилувања како Санчо, Варан и Роналдо, но резултатите не се на ниво. Погба после поразот од Лестер беше сосема искрен.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Заслуживме да изгубиме. Да бидам искрен, вака играме подолго време и не можеме да пронајдеме каде е проблемот. Примаме глупави голови. Мораме да бидеме зрели и да играме со повеќе искуство и ароганција во добра смисла. Мораме да се промениме, мораме да пронајдеме тактика која ни одговара и да се држиме до неа“, искрено зборуваше Французинот.

Манчестер Јунајтед сега е на петтото место на табелата со 14 бодови, додека лидер е Ливерпул со 18.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул не ја промени одлуката околу Дарвин, Рамадани го држи клучот за трансфер?

Дарвин Нуњез не е во плановите на Арне Слот и неговата следна дестинација извесно е –…