Дома Македонски спорт Мак фудбал ПМФЛ 8. коло: Силекс е редовен „муштерија“ во Тетово

ПМФЛ 8. коло: Силекс е редовен „муштерија“ во Тетово

Денес на распоред се натпревари од осмото коло во македонската прва лига.

Екипата на Шкендија изгледа како да нема сериозна конкуренција за врвот во македонската прва лига, тетовци во изминатите седум кола покажуваат одлични изданија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Ернет Ѓока успеа да ги склопи „коцките“ па Шкендија прикажува одлични настапи. Против Шкендија во првите седум кола непоразени останаа само Шкупи (2:2) и Борец (1:1), во останатите средби Шкендија запиша триумф. Сега доаѓа Силекс предводен од Горан Симов.

Силекс е во лоша форма откако ја разочараа јавноста со поразот од Дрита во квалификациите за Лигата на Европа лошо играат и во домашното првенство каде што имаат три порази во низа.

На страна на Шкендија е и традицијата, Силекс од вкупно 16 натпревари во низа на гости во Тетово има 15 порази. Во тие 16 натпревари Силекс постигнал само четири гола.

ПМФЛ 8. КОЛО

Беласица – Ренова

Македонија Ѓ.П – Струга Трим Лум

Работнички – Академија Пандев

Шкендија – Силекс

Шкупи – Борец

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…