Дома Фудбал Италија Пандев: Згрешив што не се пензионирав после ЕП, ме боли заминувањето од Џенова

Пандев: Згрешив што не се пензионирав после ЕП, ме боли заминувањето од Џенова

Легендата на македонскиот фудбал, Горан Пандев во јануари направи изненадувачки трансфер од Џенова во Парма, каде ќе игра до крајот на сезоната.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пандев си ја отвори душата и изјави дека многу го боли разделбата со Џенова и дека жали што не се пензионирал минатото лето после Европското првенство.

„Навистина ме боли разделбата со Џенова, не можев да заспијам четири дена по трансферот во Парма. Кога дојдов на стадионот, видов дека луѓето се среќни што си заминувам. Ми беше жал, но видов дека е готово. Забележав дека сакаат да се ослободат од ‘проблемот’, кога им кажав дека имам понуда од Парма“, вели Пандев.

„Требаше да ја завршам кариерата по Европското првенство, меѓутоа згрешив, но сакав кариерата да ја завршам пред навивачите на Џенова. „Овојпат навистина е готово, ќе се пензионирам по крајот на оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Флик веќе ја избра замената за Левандовски, доаѓа за 45 милиони евра!

Се обидоа челните луѓе на Барселона да направат сè за да се договорат околу нов договор со…