Дома Македонски спорт Мак ракомет Падна важен потпис во РК Вардар!

Падна важен потпис во РК Вардар!

Голманот Васил Гогов уште две сезони ќе биде меѓу стативите и ќе го носи дресот на РК Вардар. Тој го продолжи договорот со клубот до јуни 2026 година.

Гогов од 2019 година е дел од Вардар, и секоја сезона се повеќе напредува и се наметнува со својот квалитет, а менаџментот на клубот верува дека може да биде„факторот Х“ во иднин.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гогов зад себе како член на Вардар има искуство со играње и во Лигата на шампионите и во СЕХА лигата, за клупски играчи имаше повеќе познати голмани и работеше и со неколку искусни тренери на голмани во Вардар. Со Вардар ја освојуваше титулата во домашното првенство, беше победник на Купот на Македонија, и на Супер купот на Македонија.

„Гогов е голман кој е иднината на македонскиот ракомет, и тој допрва ќе блеска. Вардар е задоволен од неговото напредување и е убеден во уште подобри игри во иднина. Досега секогаш беше дел од голмански тим каде можеше да научи и да „украде“ од поискусните и време е да добие поголема минутажа во иднина. Вардар секогаш е место каде има шанса за докажување и напредување, вели Борко Ристовски, Извршниот директор на Вардар.

Уште едно коло до крај на првенството, Вардар е во игра за шампионската титула, но не зависи се од него, туку мора да чека кикс и на лидерот Еурофарм Пелистер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Македонската делегација продефилира на свеченото отворање на ЛОИ

Знаменосците Дарио Ивановски и Мила Релјиќ го развеаја македонското знаме на бродот по Сен…