Дома Фудбал Војна меѓу менаџерските агенции го расипува завршениот договор со Реал Мадрид!?

Војна меѓу менаџерските агенции го расипува завршениот договор со Реал Мадрид!?

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и првата ѕвезда на Лајпциг, Јан Диомандe, во ова трансферно лето речиси сигурно ќе го напушти редот на овој германски клуб.

Многу клубови сакаат да го видат Диомандe во своите редови, но реалноста е дека Реал Мадрид беше најбрз и најконкретен.

Некои странски медиуми објавија дека трансферот е договорен, но сѐ уште не е официјализиран, што остава простор за нови шпекулации.

Но една од нив вели дека целиот договор одеднаш се нашол во големи проблеми, кои не се предизвикани од клубовите.

Имено, дошло до спор меѓу неговите поранешни и сегашни застапници за кого била известена и ФИФА.

Maxidel Management, агенцијата која претходно се грижела за кариерата на репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска, поднела жалба до ФИФА, обвинувajќи ја неговата актуелна агенција Roc Nation за прекршување на условите од претходниот договор.

Секако, ваквите случувања при склучување на договори не одат во прилог на клубовите, па се поставува прашањето како ќе реагираат од Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потресно признание на млад фудбалер: „Таа беше љубовта на мојот живот, не сакам да продолжам со животот…“

Младиот фудбалер на Ајакс, Марк Веркајл, за прв пат јавно проговори за најголемата трагеди…