
Веќе неколку недели се шпекулира дека Феран Торес би можел да ја напушти Барселона и кариерата да ја продолжи во дресот на ПСЖ, а сега од каталонскиот клуб му јасно порачаа што треба да направи за да се реализира тој трансфер.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Феран Торес веќе неколку недели е главна тема во фудбалската јавност поради тоа што со својот гол во продолженијата и донесе на Шпанија титулата светски првак во финалето против Аргентина, но и поради шпекулациите дека би можел да ја напушти Барселона.
Иако Ханси Флик минатата сезона му даде на Феран значителна минутажа, и порача дека и оваа сезона смета на него по Светското првенство, работите се променија.
Се појави шпекулација дека ПСЖ покажал голем интерес за Феран и дека Луис Енрике инсистира на трансферот, а наводно напаѓачот на Барселона нема ништо против да го промени клубот.
Во Барселона не се откажуваат од Феран, но исто така се свесни каква е ситуацијата. Тие ќе му понудат нов договор на Феран, но доколку го одбие, му порачаа што треба да направи доколку сака да го пуштат во ПСЖ.
„Ќе те пуштиме да одиш во ПСЖ, но само ако официјално поднесеш барање за трансфер и кажеш дека сакаш да одиш“, наводно му рекле од Барселона на Феран.