
Германскиот тенисер Саша Зверев беше запрашан за можноста од казнување на играчите кои не се појавуваат на големите турнири.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тениските кругови почнаа да зборуваат за потенцијални казни за оние кои не доаѓаат на мастерсите, по откажувањето на настапите во Монтреал од страна на поголем број играчи.
Саша истакнува дека ваков систем веќе постои.
„Така е во моментов. Мислам, тоа не е никаква наука. Добираме бонуси на крајот на годината ако ги одиграме сите девет мастерси”, изјави Зверев.
На прашањето дали поголем финансиски поттик би ги убедил играчите како Новак Ѓоковиќ да учествуваат, Зверев ја отфрла таквата идеја.
„Мислите дека Ѓоковиќ ќе се грижи ако добие поголем бонус? Мислам дека тој човек има, ако морам да погодам, над 400 милиони на својот банкарски сметка, така што не сум сигурен дека би му било гајле за 50.000 повеќе или помалку”, истакнува Зверев.