Екипата на Вардар потврди уште едно засилување во своите редови.
Младиот и талентиран десен бек Кристијан Стаменковиќ (19) е нов член на Вардар. Тој потпиша четиригодишен договор со „црвено-црните“ и ќе дебитира за вардарци веќе на турнирот во Струга.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Стаменковиќ настапуваше за екипата на Голден Арт, а во 2023 година беше избран за МВП на Ф4 турнирот во младинска конкуренција.
Во Вардар ќе има шанса за напредување и секако ќе конкурира за настап и во европските натпревари на „црвено-црните“.
Коментари