Утрово Шкендија го потврди враќањето на Ќака, претходно го промовираа Максимов од Работнички, а сега тетовци го претставија и третото засилување во овој преоден рок.
Мустафа Мујезиновиќ кој е Босанец роден во Германија е нов член Шкендија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во прашање е 29-годишен фудбалер од средината на теренот кој може да помогне и како дефанзивец играч.
„Среќен сум што ќе играм тука, разговарав со пријатели и имам многу слушнато за Шкендија. Знам дека тука амбициите се големи и се игра за титула.
Клубот има фантастични навивачи и јас дојдов да помогнам да ги оствариме целите“, изјави Мујезиновиќ.
За Шкендија тој потпишува како слободен играч откако му заврши договорот со Нови Пазар каде што помина една година и собра 28 натпревари на кои постигнал три гола и поделил четири асистенции.