Дома Фудбал Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Дебакл на Мундијалот предизвика вистински земјотрес: Стигна првата голема последица!

Вториот дел од натпреварувањето на Мундијалот започна со натпреварот што синоќа го одиграа репрезентациите на Канада и Јужна Африка.

Голем број репрезентации не успеаја да се пласираат во 1/16 финалето на Светското првенство и тоа предизвика проблеми во многу селекции.

Така, претседателот на Фудбалската Федерација на Саудиска Арабија, Јасер Ал-Мисел, поднесе оставка поради елиминaција во групната фаза на Светското првенство.

Саудијците завршија на последното место во групата со само два освоени бода, и беа елиминирани.

Тие претрпеа пораз од Шпанија и одиграа нерешено против Уругвај и Зеленоортските Острови.

„Неуспехот на репрезентацијата во квалификациите за следната фаза од Светското првенство е резултат што не ги исполнува сите наши амбиции”, напиша Ал-Мисел на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новиот голман на Јувентус пристигна на лекарски прегледи!

Јувентус брзо пронајде решение за проблемот на голманската позиција, бидејќи добро познато…