Дома Фудбал Вака изгледа обраќањето на селекторот на Јужна Кореја откако беше прогласен за „државен непријател“ број еден

Вака изгледа обраќањето на селекторот на Јужна Кореја откако беше прогласен за „државен непријател“ број еден

Тренерот на фудбалската репрезентација на Јужна Кореја, Хонг Мјунг-бо, се соочува со жестоки критики во својата земја по елиминацијата од Светското првенство, па дури бил отстранет од прес-конференциите.

На државната јужнокорејска телевизија, неговиот лик бил „замаглен“ за да не го гледа јавноста, поради раната елиминација уште во групната фаза.

Јужна Кореја имаше победа против Чешка со резултат 2:1 на почетокот од натпреварувањето, и се веруваше дека ќе претставува сериозна опасност и за појаките тимови.

Но, репрезентацијата доживеа порази од Мексико и Јужна Африка во следните две кола, така што не успеа да влезе во следната фаза од натпреварувањето, иако беше речиси во нокаут-фазата.

Селекторот веднаш поднесе оставка, и во земјата стана толку непосакуван што неговиот лик се „затемнува“ за јавноста преку локалните медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Соиграчот на Халанд воодушевен: Пронајдовме вистински бисер!

Ерлинг Халанд изрази огромното задоволство од Ајуб Буади (18), едно од најголемите таленти…