
За некого Светското првенство испишува прекрасни, историски приказни, но не секој има таа среќа.
Сè што му се случи на Јужна Кореја на овогодинешниот Мундијал на крајот донесе свои последици.
Селекторот Хонг Мјунг-бо ја напушти својата позиција, но тоа беше само почеток на случувањата во оваа земја.
Лошиот резултат доведе до тоа претседателот на државата да нареди испитување за тоа како дојде до големиот неуспех на Мундијалот.
Ли Џае Мјунг, човекот кој е претседател на Јужна Кореја, јавно го критикуваше начинот на кој беше водена репрезентацијата.