Дома Фудбал Порака од неговата баба многу го погоди Винисиус, се расплака пред новинарот (Видео)

Порака од неговата баба многу го погоди Винисиус, се расплака пред новинарот (Видео)

Една од главните ѕвезди на бразилскиот тим, Винисиус Жуниор, се расплакал пред камерите поради емотивна порака од неговата баба за време на Светското првенство.

На бразилската телевизија му беше прикажана пораката што предизвика силни емоции кај Винисиус, кој е многу приврзан кон бабата Дона Нилзе.

Нилзе изрази колку е горда на својот внук, а тој скоро веднаш започна да плаче.

“Кога беше мал, беше многу срамежлив. Спиеше со мене до 16 години. Вини, нека те чува Богородица Апарециде. Твојата баба те сака многу, многу”. Овие зборови го разнежнија Винисиус и тој не можеше да ги задржи солзите.

Тој се обиде да објасни колку му значи бабата во животот.

“Баба ми е многу важна личност во мојот живот. Таа секогаш правеше сè за мене. Нашата куќа беше мала, па морав да спијам со неа. Не можам да најдам зборови да ја опишам”, рече суперталентот на Реал Мадрид.

Винисиус игра фантастично на првенството во Америка, постигнувајќи голови во секој од трите натпревари во групната фаза. Двапати беше стрелец во победата против Шкотска од 3:0, додека против Хаити (3:0) постигна гол и добави асистенција, а погоди и во ремито со Мароко од 1:1.

Вечерва, Бразил од 19 часот ќе го одигра својот натпревар во осминафиналето на Светското првенство против Јапонија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Леао сака само во Галатасарај, на Аморим му паѓа огромен товар од грбот?

Милан успешно ја започна новата сезона во италијанското првенство во недела вечер, но побе…