Дома Фудбал Шокантна изјава: Дали ова е доказ дека еден натпревар на Мундијалот е договорен? (Видео)

Шокантна изјава: Дали ова е доказ дека еден натпревар на Мундијалот е договорен? (Видео)

Ријад Марез, најголемата ѕвезда на алжирскиот фудбал, ги разгори шпекулациите околу натпреварот меѓу Алжир и Австрија (3:3) во последниот ден од групната фаза на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Со ремито во последното коло, и двете репрезентации го обезбедија пласманот натаму. И Алжир и Австрија имаа потреба од по еден бод и на крајот тоа го добија по низа чудни околности.

Ваквиот исход ги исфрли Иранците од нокаут фазата на Светското првенство. Контроверзен е начинот на кој играа двете екипи во завршницата, особено во последните 30 минути, кога немаше иницијатива ниту од една страна и недостигаше желба да се напаѓа противничкиот гол.

Вниманието го привлече Ријад Марез, кој при резултат од 2:2, додека никој од екипите не напаѓаше, постигна гол во 93-тата минута за предност на Алжир. Веднаш потоа Австрија израмни на конечните 3:3, а Марез се оправда за постигнатиот гол.

“Го раширија играњето, а тие се повлекоа. Но во последниот момент ми беше упатена топката низ средината. Мораше да трчам, морам да го почитувам фудбалот. Знам дека беше непријатно, но таква е играта. Топката беше пред голманот и мораше да шутирам, да се обидам да постигнам гол”, изјави Марез и продолжи:

“Знам дека беше непријатно кога го постигнав голот, но таков е фудбалот. Морам да го почитувам. На крајот, добар исход за нив беше што дадоа гол и се квалификуваа. Двете екипи одат напред и тоа е најважно”, завршува Марез со една од најконтроверзните изјави на модерниот фудбал.

Со оваа изјава, Марез фрли сенка врз резултатот и успехот на својата екипа, откако призна дека се радувал на израмнувањето на Австрија со 3:3. Тој брзо се поправи, истакнувајќи дека тоа било добро за Австрија, и добави дека најважно е што двата тима продолжиле понатаму.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шкендија доведе големо засилување, пристигна крило од Косово!

Шкендија го промовираше своето ново засилување за претстојната сезона, откако тетовскиот к…